x

Робињо освои титула, па остана без клуб

robinjo

Башакшеир направи големо изненадување, ја освои турската Супер лига, а мал придонес имаше и легендарниот Робињо.

Иако одигр само 15 натпревари без конкретен ефект, Бразилецот освои нов трофеј, но и го загуби ангажманот.

Двете страни се разделија пријателски по истекот на договор, па 36-годишниот напаѓач стана слободен агент.

За време на својата богата кариера, Робињо играше за Сантос, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Милан, Гвангжу Е., Атлетико Минеиро и Сиваспор пред да го засили Башакшеир во јануари 2019 година.

Тој одигра 100 натпревари за репрезентацијата на Бразил и постигна 28 голови.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата