x

РК Бутел го задржа капитенот во своите редови

rk-butel

Капитенот на Бутел Скопје, Бојан Спасовски и во новата сезона ќе го носи дресот на овој клуб.  Бескомпромисниот борец во одбраната очекува најмалку да биде повторен успехот на домашна сцена од минатите две сезони и добар настап на европска сцена.
„Останувам во Бутел Скопје уште една сезона и се надевам дека повторно ќе го предводам тимот до уште поголем успех. Ги задржавме носителите на играта во нашиот тим за следната сезона, а имаме одлична соработка со тренерот Грчевски. Сите екипи работат на трансфер пазарот и не очекува интересна Суперлига. Раководството ни ги овозможува сите услови, а нас ни останува да мислиме само на играта. Покрај домашните обврски, ќе бидеме активни и на меѓународна сцена во Лигата на Европа, каде исто така очекувам достојно претставување на клубот и на Македонија, а ќе играме и на традиционалниот Струшки турнир, изјави Спасовски за официјалниот сајт на клубот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата