x

РК Бор од Србија е новиот предизвик за Јована Софковска

jovana

Поранешната ракометарка на Металург, Вардар и Лихнид, Јована Софковска, кариерата ја продолжува во Србија, поточно во тимот на клуб Бор.

„Големо искушение и еден почеток кој е малку поинаков од останатите кои до сега сум ги имала. Секако, голем предизвик кој го прифаќам со нови сили и силна мотивација за успеси со новиот клуб“, изјави Софковска.

Јована игра на десната крилна позиција е подготвена за првиот интернационален предизвик во својата ракометна кариера.

Клубот Бор каде што ќе игра 19-годишната Јована се натпреварува во Супер лигата и ќе биде дел од националниот Куп.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата