Ријана има неколку работи на ум за годинава, а најважен и е јубилејот, затоа што многу и значи што стигнала до десет години. Деби албумот „Music of the Sun” пејачката го издаде во 2005 година, а зад себе има вкупно 7 албуми и 8 освоени Греми награди.

Годинава објави три сингла, а моментално работи на нов албум.

Работата на новиот албум, како што рекла, и одела одлично и веќе биле снимени поголемиот дел од песните. Рекла и дека не може да дочека материјалот да биде завршен и објавен. Го претстави и новиот парфем Ри Ри, првиот од новата трилогија мириси.