Убавицата од Барбадос го објави спотот за песната “Work”кој за кратко време стана нејзин 14. сингл по ред кој се нашол на врвот на Билборд топ листата.

На тој начин Ријана успеа да го надмине и Мајкл Џексон, па сега се наоѓа пред кралот на поп музиката со повеќе први места на оваа листа.

Пред неа се само Мараја Кери која има 18 сингла и легендарните Битлси со дури 20. 

Песната “Work” е нова колаборација на Ријана со Дрејк, а спотот досега има над 12 милиони прегледи на Јутјуб. 

[video:https://www.youtube.com/watch?v=caaSrdLC28o]