Ричард Клајдерман или човекот кој го има популаризирано пијаното ширум светот повеќе од кој било после Бетовен е запишан во Гинисовата книга на рекорди како најуспешен пијанист со продадени над 90 милиони албуми во светот. Познат е како “Принцот на романтиката” поради неговиот начин на изведба на композициите и светски виртуоз кој ги полни салите и стадионите уште од 1976 година, кога неговиот прв сингл “Балада за Аделина” достигна продажба од 22 милиони копии во 38 земји.

Снимил над 1.000 мелодии со што станал еден од најуспешните инструментални репродуктивци во светот, а на врвот од својата кариера реализирал 200 концерти за 250 дена. Негови најпознати композиции освен “Ballade Pour Adeline” се и “Love Story”, “Piano Concerto”, “Arabesque”, “Warsaw Concerto”, “Fur Elise”, “Clair De Lune”…