По успесите како тренер на македонската репрезентација, како и со клубовите од Кипар, Неа Саламина (тренер) и Омонија (спортски директор), на стручниот штаб на Шоненверд им беше лесно да го пронајдат нивниот предводник за наредната сезона

Во Швајцарија бев веднаш по натпреварот со Бугарија и ги искористив тие два слободни дена се со цел да ги договорам сите детали со управата на клубот. Оваа средба требаше да се случи многу порано, но поради обврските со репрезентацијата морав тоа да го пролонгирам. Се е договорено и во текот на неделава треба и официјално да го ставам потписот за една година договор со швајцарскиот тим, изјави Ристоски за “Спортмедиа”.

Со Жарко Ристоски на клупата, Македонија по трет пат обезбеди учество на Ф4 во Европската лига, пред две години бевме трети, а минатата сребрени. Противник на “црвено – жолтите” во полуфиналниот дуел на Ф4 во Варна е репрезентацијата на Австрија, доколку ја мине во финалето ќе игра со подобриот од дуелот Бугарија – Сетонија.