x

Ристовски: Целта ми е зимски подготовки со екипата

129327920_685934302067007_6097171503869276063_n

Капитенот на нашата млада репрезентација и член на тимот на Ријека, Милан Ристовски се опоравува од тешката повреда на зглобот со која се здоби есеноска. Најлошото за напаѓачот што се вели мина и сега тој е дел од рехабилитациониот период со кој тој до овој момент е исклучително задоволен.

„Почнав со трчање, што е многу важно. Одлично се чувствувам, добро работам. Иако имав опција да заминам некаде на рехабилитација на друго место, сепак, заедно со медицинскиот тим и клубот одлучивме да останам во Ријека. Тука имам топ услови што се вели. Докторката која што ме оперираше прогнозираше отприлика дека би можел да се вратам комплетно на терен пред стартот на зимските подготовки, па тоа некаде ми е и целта во моментов. Нормално доколку се чувствувам добро, и доколку се биде во ред. Засега е така, и благодарност до сите оние кои периодов ми дадоа безрезервна подршка“ – вели Милан Ристовски за Спортмедиа.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата