Младиот репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски, со нов гол и победа од 3:0 и донесе на словачка Нитра опстанок во елитното друштво.
Вечерва во реванш бараж мечот со екипата на Дубница, Нитра славеше на домашен терен и успеа да се избори за место во словачката елита и следната сезона. Предизвикувачот од втората лига, Дубница, на првиот меч на својот стадион одигра без голови 0:0, а се чини немаше никакви шанси за успех на вечерашното гостување.
Нитра поведе со гол во 8. минута, за од пенал во 20. минута Ристовски да зголеми на 2:0 и практично да го обезбеди опстанокот за својот тим.