x

Ристовски низ солзи: Ќе бидам горд до крајот на животот, срцето ми е исполнето (ВИДЕО)

стефан

Емоциите никако да стивнат по пласманот на македонската фудбалска репрезентација на ЕП следната година. Четири дена по овој историски успех, Стефан Ристовски за официјалната „Фејсбук“ страница на ФФМ говореше за моментите кога судијата означи крај, а Македонија завери виза за континенталното натпреварување.

Иако минаа денови, тој не успеа да ги сокрие емоциите, во еден момент заплака.

„Бев заменет, пет минути пред крајот. Знам дека судијата даде четири минути продолжение, седнав си реков дали е ова реалност не деалт четири минути од Европско првенство. Кога судијата свирна крај веднаш се стрчав кај Горан, првата прегратка ја споделив со него, потоа продолжи славјето. Имам црни точки, не се сеќавам, емоциите беа измешани, не знаеш дали да плачеш или да се радуваш. Јас сум тука пред селекторот Игор Ангеловски, го имам допрено дното, стигнав  со ЕП. Голем успех во една кариера, навистина сум горд, мило ми е за Горан, за селекторот кој веруваше уште првиот ден, стварно направи една хемија.

Ова ко кажувам од срце, минавме низ тешки моменти, стадионот беше празен, бевме разделени од семејството. Од надвор кога гледаше е друга, но кога си внатре е навистина тешко, но ете успеавме. Ќе бидам горд до крајот на животот, полно ми е срцето, можам да кажам дека сум горд Македонец“, рече Ристовски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата