x

Ристовски: Ние сме европски шампиони, верувам дека ќе успееме

Вардар се врти кон СЕХА-лига, уште едно натпреварување во кое има шампионски обврски. Македонскиот тим денеска (17 часот) му гостува на Нексе во првиот четвртфинален натпревар за место на фајнл-фор завршницата која оваа година ќе се одржи во Задар.

На оваа средба Вардар влегува со новитети, на голот ќе биде Борко Ристовски, искусното репрезентативно име, а со него заедно во „пакет“ дојде и Марко Мишевски.

“Ова ќе биде мое деби во СЕХА-лига, натпреварување кое го познавам бидејќи долго време го следам. Играме против Нексе, тим кој со Бенфика пред неколку месеци го елиминиравме во ЕХФ Купот, па можам да кажам дека добро го познавам. Ќе биде интересно, ќе сторат сé за да нè изненадат, не би рекол дека ќе не потценат.

Ние сме европски шампиони и верувам дека ќе го освоиме ова натпреварување“, изјави пред мечот Борко Ристовски, кој додаде:

„Би сакал да додадам дека навистина сум среќен што работам со Дејан Периќ, кој работи многу за да им помогне на сите голмани на Вардар“.

Нексе и Вардар оваа сезона се сретнаа двапати, последен пат македонскиот тим со убедлива победа си замина од гостувањето во Нашице (42-26), додека претходно во СЦ „Јане Сандански“ славеше со 27-25.

Проблем за „црвено-црните“ може да биде Тимур Дибиров, кој поради вирус бил надвор од тренанжен процес. Но, како што најави стратегот, Стевче Алушовски нема да се сожалуваат, туку ќе одат на победа против тимот кој сега има подолга клупа од нив.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата