x

Ристовски е десен бек на деценијата во Ријека

Стефан Ристовски остави голем белег во хрватскиот тим Ријека. Нашиот репрезенативец таму настапуваше неколку сезони, а одигра вкупно 86 мечеви. Стана миленик на навивачите на овој клуб, кој се познати по својата верност и приврзаност. Тие не го заборавија Ристовски иако тој веќе одамна е во Спортинг Лисабон, па на официјалната страница на клубот со вкупно 76.3% од 2893 гласови е избран за најдобар десен бек во последната деценија на клубот. Навистина огромна чест за играч кој бил странец, кој доaѓа од Македонија,  но ете со своите игри, пристапот, желбата и пред се љубовта кон клубот направил армијата на навивачи да го помни цени и споменува засекогаш.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата