x

Ристовска и ЦСКА доминираат во Лига на шампиони

screenshot_20200919_202337

На Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва одлично им оди на стартот на новата сезона во Лигата на шампиони.

По историскиот прв триумф во минатото коло, руската екипа дојде на два нови бода. ЦСКА Москва на домашен терен убедливо ја совлада Валчеа со 30-20 (14-11).

Гостите беа рамноправен противник само во првите 20. минути од мечот, имаа и водство, но ЦСКА со два гола во самиот финиш дојде на плус три на одморот 14-11.

Во второто полувреме сликата беше поинаква, домашниот состав доминираше, лесно го контролираше мечот и заслужено славеше.

Нашата репрезентативка постигна два гола, сите во второто полувреме, еден од нив беше од седум метри.

По 3. коло ЦСКА има скор од две победи и едно реми против Ѓер на стартот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата