Минисерот за здравство, Венко Филипче и претседателот на СДСМ, Зоран Заев го урнисаа здравствениот систем, а справувањето со короната им е најслаба точка, изјави денеска д-р. Љупче Ристески од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, катастрофалниот менаџмент со здравството го платиле граѓаните, а некои од нив и со своите животи.

„ Наместо како во сите останати држави во регионот и пошироко да ја остават струката да работи и да се справува со ситуацијата, политиката ја презема палката во здравството. Со ова целосно го уништија здравствениот систем. Филипче и Заев ја направија Македонија црна точка во регионот и пошироко. Македонија ја направија тразнит држава за странски државјани, а своите граѓани непожелни во другите држави“, рече Ристески.

Филипче и Заев, вели тој, мора да одговараат за својата неспособност да се справат со последиците од коронавирусот кои се огромни.

Ристески оцени дека Владата не може да се справи со ситуацијата.

извор: Makfax