x

Ристевски отвара врата: Јевтоски пред потпис со Ујпешт!

jevtoski-e1561021334433

Стефан Јевтоски (22), по одличната сезона која ја имаше во редовите во Работнички, одново е пред интернационален предизвик. Имено како што дознава СПОРТМЕДИА, играчот за врска е пред потпис со Ујпешт, еден од најдобрите клубови во Унгарија. Се очекува, барем според нашите информации, во понеделник да биде промоцијата.

За овој трансфер секако дека своја заслуга има и Кире Ристевски, еден од најдобрите фудбалери во Ујпешт, кој во последно време блескаше во овој унгарски клуб. Колку за потсетување, во минатото дресот на Ујпеш го носеа и Енис Барди, Виктор Ангелов, Ремзифаик Селмани.

Кога сме кај Јевтоски да потсетиме дека тој досега во својата кариера пред Работнички играше и за екипите на Арсенал Киев, Вараждин, Локо Пловдив, Металург.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата