x

Ристевски за триумф на Трим Љум (видео)

strugga-slika

Александар Ристевски со гол со глава на десетина минути до крајот на мечот против Борец, му донесе ектра триумф на тимот на Струга Трим Љум во рамките од третото коло од македонскиот фудбалски шампионат.

ВО ситуацијата од скратен корнер, дефанзивата на Борец не реагираше како што треба, па стоперот на домашните на петерецот осамен ја зафати убаво топката со глава и заби во долниот лев голманов агол на Мустафа.
Претходно мечот мина во добра и здрава фудбалска атмосфреа во која домашните реално имаа повеќе од шансите. Пред се Алтипармаковски кој една со глава, а потоа и со нога во првиот дел беше најблиску до погодок. И во вториот дел напаѓачот на Струга еднаш се обиде со глава, а претходно Цаке го погоди ќошот од гредата и дирекот.

Гостите пак имаа еден обид преку Ристовски од далечина, а реално не направија премногу пред противничкиот гол.

Домашните имаа и среќа погодија во момент кога гостите веќе и се понадеваа на „нула“ но не стигнаа до неа.

Двата тима сега се изедначени со по четири бода од три кола на стартот на шампионатот.

Струга Трим Љум – Борец 1:0

Стадион во Струга

Без гледачи:

Главен судија: Гоцевски Марјан Помошници: Ѓорѓи Станковски, Кире Ангеовски (сите од Струмица)

Стрелец: Ристевски 81‘ (СТЉ)

Струга ТЉ: Ѓуриќ, Ристевски, Шеји, Цаке, Јахја, Алтипармаковски (МАзари 90‘), Лена, Османи (Таири 59‘), Мециновиќ, КАсами, Шабани (Цветановски 72‘)

Борец: Мустафа, Ристовски, Стоименовски (Станковски 86‘), Стојчевски, Коцев, Прелчец, Силва (Трајков 77‘), Ефтимов(Ристовски М.90‘), Ристовски, Радовиќ (Десниќ 61‘) Пеев

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата