x

Рио Фердинанд: „Баерн ќе губи со 3:0 од ПСЖ пред да каже ‘бу’“

rio-ferdinand

Некогашниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, а денеска стручен коментатор на британската БТ Спорт, Рио Фердинанд, даде интересен коментар по вчерашното полуфинале во ЛШ и пласманот на Баерн во неделниот финален меч со ПСЖ.

„Овој тим на Баерн е така поставен за високо да притиска за да освои топка. Тоа остава многу дупки во одбраната. Го критикувавме Гвардиола што ја промени тактиката против Лион, но сега Флик ќе мора да промени некои работи. Ако Мбапе, Нејмар и Ди Марија добијат вакви шанси, Баерн ќе прими три гола уште пред да каже ‘Бу’“, вели Рио.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата