Салата со туна
Потребно:
2 конзерви туна
2 поголеми домата
1 зелена пиперка
15 дкг сирење
1 морков
1 ќесе тестенини
масло
оцет
сол
пипер
мешавина зачини за преливи за салата
Подготовка: Сварете ја тестенината, па исцедете и изладете ја. Доматите исечете ги на коцки, пиперката на тенки ленти, а морковот и сирењето изрендајте ги. Туната исцедете ја и иситнете со вилушка. Сите состојки ставете ги во соодветен сад. Додадете ја тестенината и измешајте. Прелијте со дресинг од вода, сол, пипер, зачини, масло и оцет. Се добро измешајте и послужете оладено.
Италијанска салата од морски плодови
Потребно;
2 чешниња лук
2 жолчки
половина лажичка сол
малку пипер
половина лажичка сенф
250 мл маслиново масло
20 мл вински оцет
16 мали домати
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
1 жолта пиперка
1 кромид
140 г варен јастог
190 г варени јаковови пачиња
145 г варени големи шкампи
Подготовка: Во електричен миксер измешајте го лукот, жолчките, солта, пиперот и сенфот. Полека додајте го маслото и оцетот. Зеленчукот исечкајте го, па помешајте го со останатите состојки. Прелијте со сос и добро измешајте. Послужете добро изладено.
Салата од октопод
Потребно:
1,5 кг одмрзнат и исчистен октопод
главица црвен кромид
100 г копар
китка свеж магдонос
китка свежо оригано
1 дцл домашен квасец
1 дцл ацето балсамико
2 дцл маслиново масло
лажичка крупна морска сол
малку пипер
Подготовка: Октоподот, претходно исчистен и одмрзнат, варете го во експрес лонец околу 1 час. Кога лонецот сосема ќе се излади отворете го. Октоподот исечете го на ситни тркалца (парчиња). Додајте го сечканиот лук, магдоносот, копарот, ориганото, и едниот и другиот оцет, маслиновото масло, солта и пиперот. Мешајте околу 5 минути со лажица, па додајте по желба уште масло или оцет, сол или пипер. Оставете малку да отстои, па уште малку измешајте. Сервирајте на голем лист зелена салата.
Салата од сипа
Потребно:
1 кг сипа
лук
маслиново масло
сол
пипер
оцет
Подготовка: Сипите исчистете, измијте ги добро од црнилата, исечете ги на коцкички и ставете ги во голем сад со вода да се варат на тивок оган 2-3 часа. Не солете ја водата за месото да не стане жилаво и немојте да го варите помалку од 2 часа затоа што ако не е добро варено може да почувствувате тежина во желудникот. Откако месото ќе биде сварено оставете го да се исцеди и олади. Лукот ситно исечкајте го и додајте го на сипата, посолете, додајте маслиново масло и малку оцет, лесно запиперете и се добро измешајте. Ставете во фрижидер и послужете ладно.