Францускиот интернационалец од редовите на Баерн (М), Франк Рибери откри дека пред да ја заврши фудбалската кариера, можено е да заигра за некој клуб кој се натпреварува во САД, Катар или Обединети Арапски Емирати.

Рибери на “Алијанс Арена” пристигна во 2007 година од редовите на Олимпик од Марсеј, а неговиот актуелен договор му завршува на 30. јуни 2017 година.

Тука сум речиси осум години. Јас и Баерн (М) сме како брачен пар. Купив куќа, тука ми е роден синот и моите деца зборуваат германски подобро од мене. Моето срце чука за Баерн (М). Сепак, можам да се замислам како играм за некој клуб од САД, Катар или Дубаи. Тоа за мене ќе биде ново искуство, изјави Рибери.

Крилниот напаѓач има одиграно 290 натпревари во дресот на баварскиот гигант и има постигнато 100 погодоци. Со Баерн (М) освои четри титули во Бундес лигата, ја има освоено Лигата на шампиони, четри титули во Купот на Германија, Лига Купот, Суперкуп на Германија, УЕФА Суперкуп и Светското клупско натпреварување.