Победата е единствениот императив кога е во прашање денешниот дуел на “Стад де Франс#, помеѓу репрезентациите на Исланд и Австрија.

И двете селекции имаат потреба од три бода затоа што само така ќе останат во игра за 1/8 финалната рунда.

Репрезентацијата на Исланд покажа многу повеќе од таа на Австрија во првите две кола од групната фаза.

Популарните “рибари” прво освоија бод во дуелот против фаворизираната Португалија, а потоа освоија бод и во дуелот против Унгарија иако имаа минимална позитива до 87 минута од натпреварот.

Од друга страна, Австрија доживеа срамен пораз во дуелот против Унгарија, а благодарение на Кристијано Роналдо, кој промаши пенал во 79 минута, освои еден бод во дуелот против селекцијата на Португалија.

Најубаво е да победиме, така сигурно нема да ја искомплицираме нашата ситуација. Мислам дека со бод нема да обезбедиме пласман во 1/8 финалната рунда. Има многу репрезентации кои освоија повеќе бодови и кои се игра за третата позиција. Се надевам дека Австрија нема против нас да го одигра најдобриот натпревар во групната фаза. И двете репрезентации ќе преземат поголем ризик, но ќе успее таа која нема да направи ниту една грешка, изјави селекторот на Исланд, Ларс Лагербек.