x

Реџина се враќа на голема врата, во нападот Зарате, Денис, Менез!?

Екипата на Реџина не така одамна беше дел од елитата во Италијанскиот фудбал но нештата за овој клуб не се одвиваа како што треба па затоа, тимот се до сега беше третлигаш.

Изворен е пласман во повисок ранг, во Серија Б, а упрвата очигледно смета дека сега е моментов Реџина да го направи тој најбитен „скок“ и да се врати во „елитата“.

Па така, како што пренесуваат медиумите блиски до овој клуб, Реџина се обидува да спои напаѓачки троец во имињата на Мауро Зарате, Герман Денис и Жереми Менез.

Се од ред прекалени интернационалци и голгетери кои имаат во себе стотици мечеви во елитните лиги ширум Европа но најмногу во Италија.

Зарате во моментов има 33 години и е под договор со Бока Јуниорс, но наводно нема да има ништо против да стане дел од „новата“ Реџина. Жереми Менез наводно веќе е на пат за Калабрија, и има потпишано договор, а конечно Герман Денис иако има 39 години, сепак сеуште е активен и има желба за уште една сезона. Тој во Серија А има осиграно 241 меч и постигна 73 гола.

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата