Решете се: не сакате или не!
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера апелираше до Европската унија да ги разјасни нејаснотиите околу турската кандидатура за членство, откако Германија не ја покани Анкара на прославата во Берлин по повод 50-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор.
– Решете се, или ќе продолжиме напред или не, во спротивен случај и ние и вие губиме време, енергија и пари. Турција нема да биде товар на ЕУ, а подготвена е да помогне при преземањето на некои одговорности на Унијата, истакна Ердоган. Претходно Турција упати критики кон Германија поради тоа што не беше поканета на прославата во Берлин, нагласувајќи оти ЕУ пропуштила можност да го претстави обединетото европско семејство.