Вучиќ го покани Ли Кечијанг во декември да го означи стартот на градежните работи на железничката линија Белград-Будимпешта, кога кинескиот премиер ќе биде во посета на Унгарија.

Српскиот премиер изјави дека Србија со голема радост се согласила да учествува во проектот „Еден појас – еден пат”, што, според него, не само што ги решава проблемите на патната, железничката и аеродромската инфраструктура, туку е и начин за осигурување на мирната иднина, во која различните народи и различните религии ќе можат да се разбираат и да живеат заедно.

Ли Кечијанг изјави дека Србија и Кина се пријатели, кои си веруваат и се потпираат еден на друг. Тој изрази надеж дека соработката на двете земји ќе донесе економска печалба и дека може да се прошири на нови области.

Тој додаде дека нема пречки да се воспоствување директна авиолинија од Белград до некои од кинеските градови, и искоментира дека овие летови ќе бидат многу корисни.