На програмата на јубилејните 45. “Мајски оперски вечери”, вечерва во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот е рециталот на сопранот Весна Ѓиновска-Илкова и пијанистката Кристина Светиева.

Режисер е Дејан Прошев, а на програмата се дела од Чајковски, Рахмањинов, Форе, Пуланк, Лист, Штраус, Чилеа, Верди. Гостин на концертот е виолинистот Горан Муратовски.

Ѓиновска-Илкова е водечки оперски драмски сопран во Македонија, певица со софистицирано пијано, беспрекорна вокална техника, огромна музикалност, харизма и силно сценско присуство.
Кристина Светиева,пак, се вбројува меѓу најталентираните млади македонски пијанисти.