Подгответе вкусен ручек за целото семејство, мусака од печени пиперки и мелено месо.

Потребни состојки:

10 печени пиперки (црвени, кога не е сезона користете замрзнати)

500 грама мелено месо

200 грама кисела павлака

4 јајца

100 мл масло

1 главица кромид

150 грама ориз

Свеж магдонос, мешан зачин, сол и црн пипер

Подготовка:

Оризот измијте го и ставете го да се вари. Кромидот ситно исецкајте го и ставете го да се пржи на загреано масло, додадете го меленото месо, зачинете и додадете го сварениот ориз. Откако целата смеса добро ќе се испржи додадете сецкан магдонос и тргнете од оган .

Во сад измешајте ја павлаката со јацата и зачинете. Огноотпорниот сад премачкајте го со масло, на дното од садот наредете еден ред со пиперки, претходно испечени и излупени, потоа врз пиперките премачкајте од павлаката со јајца, па потоа нанесете еден слој од смесата со мелено месо.

Постапката повторувајте ја се додека не ја потрошите целата количина на продукти, одозгора прелијте со павлаката и јајцата.

Печете во загреана рерна на 250 степени околу 30 минути.