Едноставен рецепт “компир во чакшири“ кој се подготвува многу лесно и брзо. 

Намирници:

– два компира за едно лице

– путер

– сол

– павлака, рендан кашкавал

Подготовка:

Компирот добро се мие, се става во плех и се пече во загреана рерна. Должина на печење зависи од величината на компирот со што за поголем потребно време е најмалку 45 минути, додека помалите се печат побрзо, Кога компирот ќе омекне се сече на половина, на него се става коцкичка путер кој брзо се топи.

Компирот се посолува, а кој сака може да го посоли со рендан кашкавал или лажиче павлака.