Многу рецепти се дел од странски култури кои пак имаат привилегија да бидат подготвени и надвор од земјата која потекнуваат.

Кога станува збор за рецептот “Имам бајалди” јасно покажува дека неговите корени потекнуваат од блислоисточните земји. Но како докажан рецепт неговото подготвување ги минува границите насекаде во светот. Впрочем убавиот вкус на ова јадење го предодредил и самиот називот “Имам Бајалди” за кое се верува дека било направено за Имам, кое толку многу му се допаднало што претерал (бајалдисал) со јадење.

Како што се наближуваат празници на постења, интересно е да се напомене дека овој рецеп може да се подготви и постевите покрај веќе познатите: риба, грав, посни сарми…

Потребни намирници:

За овој рецепт нема прецизна грамажа на намирниците, ќе се раководите од величината на садот во кој ќе се приготвува оваа рецепта, бидејќи проддуктите се сечени на парчиња.

Доматен сос (може готов, или рендани свежи домати) зелени пипреки, исчистени од семето и преполовени по должина, мдар патлиџан кој се сече исто по должина, магдонос, чешниња лук, лорбер, сол, бибер и зејтин.

Подготовка:

Се редат ред пипрки по хоризонтална линија, под нив ред модар патлиџан сето тоа така до крај на тавата. Постапката се повторува со тоа што во вториот ред над пиперките се става модриот патлиџан, а под него пиперките, се до карај на тавата. Најдобро за приготвување се два реда наредени од пиперки и модар патлиџан.

Во зависнот од тоа колку сакате да имате на трпеза од овој рецепт толку ќе купите од наведените намирници, доколу дел од нив немате дома, посебно сосот од домати, бидејќи тој е количински е попотребен од пиперките и модриот патлиџан.

Доматниот сос добро ќе го зачинете со сол, бибер, сецкан лук поголеми 3-4 чешниња, лорбер, сецкан магдонос и зејтин како за нормално готвење.

Сето ова го истурате врз наредените пиперки и модар патлиџан, ќе го протресете за да навлезе доматниот сос во пиперките и модриот патлиџан и го ставате во загреана рерна на 20 степени.

Добро би било горниот ред од пиперките и модриот патчиџан да небидат целосно покриени од доматниот сост туку да останат како “острови”, додавајќи многу малку зејтин со што при печење ќе добијат убава килибарна боја.

Внимавајте да не го пресушите при печење, оставетего да има софт во него преку кој ќе го почуствувате вкусотна целата содржина.