Оваа салата можете да ја служете како прилог на месо, сос за тортиља чипс, како намаз на леб… Цацики салата може да се вклопи во се.

Состојки:

2 краставици, јогурт, или кисело млеко, 1 чешне лук, магдонос, копар, сол. По желба може да се додае и павлака со што салатата добива кремаст вкус. 

Подготовка:

Изрендајте ја краставицата и добро исцедете ја (може и ситно сецкана) Ставете ја во подлабок сад и прелитеја со јогурт или кисело млеко (павлака). Измешајте ја добро, а потоа посолете ја и додадете ги зачините, ситно секаниот лук и измешајте се заедно. На крај можете да додадете малку маслиново масло одозгора или сок од лимон.