Рецепт за преубава Цезар салата
Цезар салатата се прави со зелена салата, стек и двопек, а специфичен за цезар салатата е преливот (сосот).
Состојки за Цезар салатата:
зелена салата (Марула)
стек
двопек или кубети со вкус на пилешко
пармезан
ладно цедено маслиново масло
балсамико оцет
сол
Состојки за преливот за Цезар салатата:
мајонез
маслиново масло
сок од лимон
сенф
вустершир сос
сол и бибер
едно чешне лук
Начин на подготовка на Цезар салатата:
Добро измијте ја марулата, отстранете ги првите неколку слоеви листови и исечкајте ги листовите на ленти со дебелина од околу 1-2 см. Ставете ја во подлабок сад;
Стекот исечкајте го на коцки и на маслиново масло пропржете го. Откако ќе биде готов додадете го во садот со марулата;
Двопекот леб исечкајте го на коцки и ставете го во зејтинот во кој се пржеше стекот да се попржи и да поприми од миризбата. Ако наместо леб користите кубети истите истурете ги во садот со марулата и стекот;
Ставете маслиново масло, балсамико и сол во салатата по желба и промешајте;
За подготовка на сосот измешајте ги состојките: една голема лажица мајонез, вустершир сос, и маслиново масло, мала лажичка сенф, ситно исечкан лук исцеден сок од лимон и сол и бибер по желба и ставете ги во садот со марулата;
Промешајте ја салатата и на крај одозгора додадете рендан пармезан.