Што ако успее референдумот? Деновиве, на оваа тема се слушаат најразлични толкувања, тесно поврзани со позицијата од која се настапува. Од редовите на власта, најгласни се претставниците на ДУИ, кои тврдат, ако референдумот е успе- шен, Собранието мора да гласа со примена на Бадинтеровиот принцип. Што значи, изразената народна волја да подлежи на ревизија. Од друга страна, правните експерти, со потесна специјалност уставно право, се категорични – уставен императив е дека решение донесено по референдумски пат е задол- жително. Според логиката на ДУИ, самиот чин на референдумско изјаснување не значи дека треба или може да се усвои или донесе закон. Тие, повикувајќи се на Законот за референдум, велат дека Собранието е обврзано да донесе закон, ако на законодавен референдум избирачите се изјаснуваат за тоа, а не автоматски само да ја констатира манифестираната волја на гласачите. “Тоа значи дека секое предлагање нов закон, кој ќе биде во согласност со волјата на граѓаните, мора пак да се донесе во органот што се вика законодавен дом и тоа, со примена на Бадинтеровиот принцип”, тврди Аднан Јашари од ДУИ, инаку професор по право на Штуловиот универзитет, додавајќи: “Ако се предлага нов закон, тој закон пак ќе зависи од пратениците на ДУИ. Кај про- читал Тодор Петров дека законите се носат преку референдум?” Дали кон ова терање на водата на своја воденица, ќе се придружи и СДСМ, не е познато, барем засега. Но, затоа, експертите по уставно право се единствени. За Владо Поповски уставен императив е – решението донесено по пат на референдум е задолж ително и не може да се оспори со гласање. “Мора да се примени, исто како што мора да се распиш е референдум по собраните 150 000 потписи. Ако референдумот успее, Собранието само ќе мора да објави дека важи законот од 1996 година. Единствено, постои правна празнина во врска со тоа, во кој рок Владата може да поднесе предлог за измени или за нов закон. Дали по шест месеци или по една година”, вели Поповски. Истото го тврди и Тања Каракамишева. “По успе- шен референдум, резултатот е задолжителен за Собранието, односно за власта. Стариот закон од 1996 година се враќа во сила со констатација на референдумскиот резултат. Што за во иднина зна- чи, при секој обид проследен со предлог за негово менување, да се има предвид резултатот од задол- жителниот референдум и од локалните, што се одржаа во 41 општина. Со тоа ги задолжува Европската повелба за локална самоуправа во која се вели: секоја промена на општинските граници се врши во согласност со локалните власти и населението, а во соработка со централната власт”. Таа вели дека и нема повреда на Рамковниот договор, бидејќи во него никаде не стои дека треба да се направи целосна промена на локалните граници, туку е предвидена ревизија. “Ревизијата, пак, значи на терен да се види што им недостига на постојните 123 општини и да се изработи визибилити-студија за секоја од нив”. И Караками- шева посочува на правната празнина во Законот за референдум, каде што не е предвиден рок по кој власта може да интервенира во резултатот од задолж ителниот референдум. На иста линија е и изјавата на Саво Климовски: “Одлуката од референдум е конечна и задолжителна. По автоматизам новиот закон се става надвор од сила и си останува законот од 1996 година. Нема логика во говорењата дека Парламентот треба да гласа. За што да гласа? За да ја преиспита волјата на народот?” Во согласност со законите, истиот ден кога ќе бидат прогласени резултатите од референдумот, ако тој биде успешен, ДИК треба да го извести претседателот на Собранието, кој исто како што констатира за распишувањето на референдумот, само ќе треба да ги констатира резултатите. И локалните избори да ги распише според територијалната организација од 1996 година.