x

Ретро изјави и бисери – Томас Брдариќ: Воопшто не се сомневам дека Шкендија ќе биде пред Вардар!

Едно од најголемите тренерски промашувања на раководството на Шкендија, беше она кога во јануари 2017 година го назначи Томас Брдариќ за шеф на струката. Славно фудбалско име од пред 20 години во Бундеслигата, но не и како тренер.

Сепак Брдариќ во Тетово, па и во фудбалска Македонија беше дочекан како сензација. Така и се однесуваше. Томас требаше конечно на Шкендија да и ја донесе титулата.

По првите пријателски мечеви на подготовките во Анталија, на новинарско прашање како ќе биде во пролетниот дел, Германецот изјави:

„Воопшто не се сомневам дека на крајот од оваа сезона Шкендија ќе биде пред Вардар, титулата ќе дојде во Тетово“ посочи Брдариќ.

А како заврши таа сезона?

Е, па, Брдариќ не само што не и ја донесе титулата на Шкендија, туку во мај, по само пет месеци како шеф на струката, челниците на клубот му „удрија клоца“ и го пратија во Германија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата