Респираторот на физичарот и истражувач Стивен Хокинг е дониран на кралската Папворт болница во Кембриџ, изјави неговата ќерка Луси Хокинг, додавајќи дека се надева дека ќе помогне во борбата против вирусот „Ковид-19“.

Познатиот физичар, кој страдаше од болест на моторните неврони, почина во 2018 година, а неговата ќерка вели дека по неговата смрт, семејството ја вратило целата медицинска опрема што ја користел, а која припаѓа на Националната здравствена служба на Велика Британија (НХС), но имало и некои делови што ги купиле, јавува „Би-би-си“.

„Сега ги донираме на НХС во надеж дека ќе помогнат“, рече Луси Хокинг.

извор: Makfax