Претседателот на САД, Доналд Трамп објави дека републиканецот, Марк Медоус, ќе биде новиот шеф на персоналот во Белата куќа.

Медоус ќе го замени Мик Малвени, кој ќе стане американски специјален претставник за Северна Ирска, рече Трамп, пренесе „АП“.

„долго време го познавам Марк и соработувам со него, тоа е многу добар однос“, напиша Трамп на Твитер.

Медоус во декември најави дека годинава нема да се кандидра на повторните избори во својот округ во Северна Каролина.

извор: Makfax