x

Репрезентативците истрчаа на Арената, сите тестови негативни (ФОТО+ВИДЕО)

mkd-rep-3

Македонската фудбалска репрезентација од денеска во Скопје ги започнува подготовките за новата сезона во Лигата на нации. По долг период, репрезентативеците се повторно заедно, под водство на селекторот Игор Ангеловски.

Во пресрет на натпреварите со Ерменија и Грузија, сите репрезентативци се тестирани на коронавирусот и сите резултати се негативни. Се чека вечерва и резултатот на Дамјан Шишковски кој пристигна подоцна, а вечерва би требало да пристигне и првиот голман Столе Димитриевски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата