За време на полицискиот час, синоќа, околу 21.20 часот, на тетовската улица Илинденска, полициски службеници дале знак за запирање на возилото „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки.

Возачот не застанал и продолжил со движење кон Гостивар.

Во 21.40 часот на наплатната рампа кај Желино возилото било запрено од полициска патрола и било констатирано дека се работи за Б. М., кој се претставил како директор на „Македонијапат“.

Од МВР информираат дека по наредба на јавен обвинител, на лицето ќе му биде издаден платен налог по член 211 став 4.

извор: Makfax