x

Ренова си ги “смачка“ очајните ѓорчепетровци (ВИДЕО)

renova-dogovori-1

Многу голови, дури пет, добра Ренова и очајни “лавови“. Што ли играше Македонија ЃП попладнево на свој терен во Ѓорче, навистина ова беше најслабата партија на овој тим во оваа полусезона. Ренова на со голема желба, постигна три гола и си победи. Треба да се каже дека на 0:0 на гостите им беше поништен чист гол, поради наводен офсајд. Тимот на Тасевски просто разочара, навистина катастрофално издание.

Ренова дојде во водство во 39.минута со голот на Сухејб Мухарем. Адем израмни во 52.минута, потоа домашните преку Фернандо успеа да и донесе водство на “лавовите“.

Следуваше уште еден налет на Ренова, која со головите на Селмани и Шефити до крајот успеа да победи со 3:2.

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА 2:3 (0:1)

Стадион на Македонија ЃП во Скопје. Гледачи:/. Судија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци). Стрелци: Адем 52, Фернандо 70. (МАК), Мухарем 39., Селмани 71., Шефити 87. (РЕН). Ж. Картони: Велија (РЕН).

Играч на натпреварот: Ремзифаик Селмани (Ренова).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Атанасковски, Мишевски, Китановски, Личина, Божиновски, Калид, Адем, Филиповски, Петров, Воша (46. Фернандо).

РЕНОВА: Велии, Шала, Гавазај (69. Ј. Селмани), Садики, Р.Селмани, Шефити, Мишковски, Фетаи, Велија, Мухарем (69. Јашаровски), Абдула (55. Рамадани).

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата