Во израмнет натпревар, без многу возбудувања „гипсарите” не успеаја да обезбедат предност за реваншот за седум дена, дозволувајќи противникот со погодок во раната фаза да дојде до триумф кој во голема мера му го олеснува патот до 2. квалификациско коло за ЛЕ.

Молдавците поведа уште во 12. минута со голот на Михаи Рошча кој убаво со глава од петерецот го искористи нафрлувањето од левата страна.

По водството на противникот, „гипсарите” почнаа да играат во свој ритам, па во 31. минута голманот на Дачија, Гајдучевици спасуваше по шутот на Изаир Емини. Во 36. минута и Гафури се обиде, но противничкиот чувар на мрежата повторно на место.

Ренова агресивно го почна второто полувреме. Но, чуварот на мрежата на Дачија повторно беше поуспешен од Емини, овој пат по неговиот шут од слободен удар од околу 18 метри.

Во самиот финиш „гипсарите” низ последни обиди со атак за израмнување, но шутот на Изаир Емини од околу 16 метри, го одбрани голманот на гостите.

Фото: Екипа.мк