x

Ренова и Шкупи ги “меркаат“ Апоел, Партизан, тимот на Николов и Муслиу, Розенборг…

Покрај Силекс и Шкендија, за кои пишувавме минатата недела, во фудбалска Европа нашата земја ќе ја претставуваат и Ренова и Шкупи. И двете екипи во пресрет на ждрепката за 1.квалификациско коло во ЛЕ, се во групата на аутсајдери, па затоа може да очекуваат за противници екипи со поголем коефициент од себе. Па така Ренова и Шкупи на 9/10 август во Нион може да добијат навистина звучни имиња, и тоа од типот на Апоел Никозија, потоа Партизан, па Розенборг, а тука е и тимот на Боби Николов и Висар Муслиу, МОЛ Фехервар. Ако веќе тетовци и чаирчани добијат за противник навистина силна и квалитетна екипа, добро ќе биде да се игра тој еден натпревар во Скопје, во кој би имале какви такви шанси за некаква си сензација. Интересно, и Ренова и Шкупи за ривал може да го добијат еден Номе Калју, кој минатото лето просто ја засрами тогаш моќната Шкендија.

Од оние екипи кои се помалку познати, за ривали двете наши екипи, може да ги добијат едни ТНС, Линколн од Гибралтар, Прогрес… значи екипи со кои, посебно дома, Ренова и Шкупи би си ја гледале својата шанса за пласман во следата фаза, во второто квалификациско коло во Лигата на Европа.

Да кажеме дека мечевите од тоа прво коло, се закажани за 27 август.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата