x

Ренова и Пелистер ги поделија бодовите во Гостивар, во финишот Селмани и Маневски гаѓаа стативи!

renova-gostivar-1024x683

На Ренова не и оди ни во Гостивар. Попладнево “гипсарите“, во меч од 9.коло во ПМФЛ, одиграа само 0:0 против Пелистер. Па така продлжува нивната серија без победа, овој натпревар бепше многу значаен за двете екипи, но сепак и Ренова и Пелистер освоија по бод.

По традиција Ренова ја имаше играта, поседот, креираше шанси, но “гипсарите“ очигледно е дека заборавиле како е тоа да се затресе противничката мрежа. Несфатливо е што промаши Мухарем во 6.минута, кога место да скине мрежата на Талески, тој се сплетка и упати млак удар. Пелистер после 30.минута како да се ослободи од притисокот па почна нечто да игра. Танушев во тие моменти се закани, но Велија беше на своето место. Во вториот дел Ренова одново беше таа што напаѓаше, во 50.минута Шефити имаше шанса, но и тојне погоди. Да кажеме дека во во финишот и двете екипи имаа супер шанси за победа, Ренова преку Ремзифаик Селмани ја погоди стативата на битолчани, а на ист начин врати и Борче Маневски. Во последните секунди од мечот Ренова бараше пенал, но не доби.

Па така овој натпревар заврши без голови.

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 0:0

Градски стадион во Гостивар. Гледачи:/. Судија: Игор Стојчевски (Скопје). Стрелци:/. Ж. Картони: Мишковски (РЕН), Стојановски, Алдаир (ПЕЛ).

Играч на натпреварот: Давор Талески (Пелистер).

РЕНОВА: Велии, Шаља, Гавазај, Садики (87. Кулибали), Шефити, Велиу (56. Ј. Селмани), Мишковски, Велија, Јашаровски (56. Р. Селмани), Мухарем (46. Рамадани), Абдула.

ПЕЛИСТЕР: Талески, Б. Илиевски, Танушев (84. Попоски), Хот (59. Хот), Николовски, Фазлиу, Пејаковиќ (73. Пејаковиќ), Драгарски, Стојановски, Д. Илиевски, Алдаир Нето (84. Бошковски).

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата