x

Ренова ги продолжи договорите со Гафури, Абдула, Садики, Мишковски, Велија, Фетаи, Селмани…

 

Се чини дека во следната сезона Ренова повторно ќе има добар тим кој ќе може да се бори за висок пласман. Имено како што информираат од раководството на “гипсарите“, тие успеле да се договорат со седумина свои фудбалери, на кои им беа истечени деоговорите, за продолжување на соработката. Тоа е “костурот“ на тимот, а играчите кои и во наредната сезона ќе го носат дресот на Ренова се Арѓент Гафури, Џелил Абдула, Бурим Садики, Ненад Мишковски, Башким Велија,Самир Фетаи и Ремзифаик Селмани.

Се очекува во наредните денови Ренова да донесе и нови имиња во своите редови, да го засили тимот за настапот во Европа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата