x

Реми на вториот тест против Црна Гора

gol-nash-16

Македонската репрезентација до 21. година предмалку на стадионот во Ѓорче Петров одигра 1:1 против соодветната селекција на Црна Гора во рамките на двомечот кој го одигравме на домашен терен.

По поразот во првиот натпревар овојпат успеавме да стигнеме до реми иако според шансите и денеска требаше да излеземе како победници. Сепак, реализацијата е нешто на што ќе мора да поработиме, затоа што и овојпат промашувавме па мораше да се враќаме од негатива.

Аладин Мусовиќ во финишот на првиот дел ги доведе во водство гостите, а по еден час игра Спасе Терзиев искористи една добра позиција на петерецот и израмни на 1:1. Во финишот нашата иницијатива не вроди со плод, па на крајот Мусовиќ преку една контра можеше и да не казни но Тасев одлично затвори.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата