Светот жали по веста за смртта на големиот музички гениј, италијанскиот композитор Енио Мориконе кој почина во 91. година од животот.

Во својата кариера тој има напишано музика за повеќе од 500 филмови, а исто така има добиено и „Оскар“.

Меѓу неговите најпознати дела се темите за филмовите: „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш во Америка“,„Малена“, „Недопирливите“, „За грст долари“, „Осумтемина омразени“, „Професионалец“, „Киното Парадисо“ и многу други.

Да се потсетиме на ремек-делата на големиот маестро.

извор: Makfax