Грчките здравствени власти регистрираа 284 новозаразени лица со коронавирус, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата во земјата.

Во изминатите 24 часа починале две лица.

Вкупниот број на потврдени случаи досега изнесува 8.664 лица и 242 смртни случаи.

Просечната возраст на луѓето кои се разболуваат од вирусот е 39, додека просечната возраст на луѓе кои умираат од оваа болест е 77, објави весникот „Катимерини“.

 

извор: Makfax