Освен што ќе биде најскпо платен фудбалер на денешницата, најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси, со потпишувањето на новиот договор ќе си обезбеди и рекорден бонус.

Близок извор до таборот на вицешампионот на Шпанија откри дека откако ќе биде потпишан новиот договор, кој ќе биде со важност до 2021 година, Меси ќе доби бонус вреден 80 мил. евра.

Раководните лица на каталонскиот гигант тврдат дека новиот договор е потпишан од девет страни и дека во следниот период ќе биде направена и фотографијата на која Меси го потпишува новиот договор.