x

Резултати за респект: Грузија нема пораз во Лигата на Нации!

gruzija-slika

Факт е дека селекцијата на Грузија е во подем во последните години, за тоа говорат и резултатите. Нашиот вечерашен ривал досега во Лигата на Нации, тука ги сметаме и резултатите во минатиот циклус кога играше во сегментот Д, нема пораз. Седум натпревари, шест победи и само еден нерешен исход,  и на секој меч постигнувала барем по еден гол, а примила само два на тие седум меча. Во оваа Лига на Нации каде е во иста група со Македонија, на стартот победи кај Естонија на гости, а претходно кога играше во Д сегментот во Лига на Нации на шест меча има пет победи и само едно реми, и тоа со Андора на гости. За ривали ги имаше и репрезентациите на Казахстан и Летонија.

Инаку Грузија може лесно да се случи да ни биде наш последен ривал, последна пречка за пласман на ЕВРО 2021. Имено во полуфиналето од плеј – офот ние играме дома со Косово, а Грузија дома со Белорусија. Во случај и Македонија и Грузија да победат  тогаш во ноември нашата репрезентација на тој историски меч одново ќе патува во Тбилиси.

СИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА ГРУЗИЈА ВО ЛИГА НАЦИИ

КАЗАХСТАН  – ГРУЗИЈА 0:2

ГРУЗИЈА – ЛЕТОНИЈА 1:0

ГРУЗИЈА – АНДОРА 3:0

ЛЕТОНИЈА – ГРУЗИЈА 0:3

АНДОРА – ГРУЗИЈА 1:1

ГРУЗИЈА – КАЗАХСТАН 2:1

ЕСТОНИЈА – ГРУЗИЈА 0:1

ВКУПНО: 7 6 1 0 13:2

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата