x

Резилот на Интер против Каљари ги расплаче и најмалите фанови

Интер испушти драгоцени бодови на дуелот со Каљари на домашен терен. Денеска „нероаѕурите“ одиграа 1:1 со што направија голем чекор назад во трката по титулата и сега ќе се молат Наполи да го совлада Јувентус вечерва за да не им избега  конкурентот на чело на табелата.

Згора на се, во финишот Лаутаро Мартинез збесна поради една судиска одлука, па дури отиде да го тепа арбитарот кој му појкажа црвен картон. Немилите сцени, неповолниот резултат ги разочара фановите, а ги расплака и најмалите навивачи, но и Конте кои се фати за глава во неверување како неговиот тим испушти бодови.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата