x

“Редси“ еден месец без Александер–Арнолд!

arnold

Нови проблеми за тимот на Јирген Клоп и тоа во одбраната. Имено како што јавуваат медиумите од Острово, бекот и еден од најдобрите играчи на Ливерпул, Трент Александар – Арнолд поради повреда ќе мора да паузира најмалку еден месец. Одличниот десен бек на дербито со Сити се повреди па мораше во 63.минута да излезе од теренот. По деталните лекарски прегледи сега се знае дека станува збор за повреда на листот на десната нога.

Александер Арнолд ќе ги пропушти мечевите за “редси“ со Лестер и Брајтон во Премиерлигата, а во Лигата на Шампионите против Аталанта и Ајакс.

Додека за репрезентацијата на Англија нема да игра против Белгија и Исланд во Лигата на Нации.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата