Огромни редици за тестирање на коронавирус и денеска пред институтот за вакцини и серуми „Торлак“ во Белград. Луѓе рано утрово уште од 4.30 часот пристигнаа за да фатат ред за тестирање.

За тест чекаа граѓани од цела Србија, но меѓу нив имаше и некои кои дошле дури од Македонија и од Република Српска. Причина за тоа е што во „Торлак“ не се закажува тестирање, а резултатите се добиваат истиот ден.

За државјаните на Србија ПЦР тестирање чини 6.000 динари или 52 евра, а за странци 120 евра.

извор: Makfax