Дваесет и шест случаи на легионерска болест се регистрирани во Куманово, но ниту еден не е со тешка клиничка слика. Болеста успешно се лекува доколку навреме се дијагностицира и се употреби специфична терапија. Бактеријата легионела се размножува во влажни простории, климатизирани простории, простории кои користат централно греење или ладење, базени, спа-центри.
Како што информираат од Центарот за јавно здравје на Куманово нема поврзаност меѓу заболените во однос на возраста, полот, во однос на фактот дали заеднички престојувале во простории со централно греење, дали заеднички патувале во странство. Според д-р Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје најголем дел од процентот на заболени се жени над 45 години и се од градското подрачје, најголем дел од нив се хронично болни со намален имунитет.