Англичанката Ребека Лос, која пред неколку месеци се прослави по “швалерајот” со капитенот на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам, едноставно, не “се симнува” од страниците на жолтиот печат. Минатиот месец, оваа ТВ-водителка повторно ја шокира јавноста, бидејќи како учесничка на реалното шоу “Фарма” направи исклучително бизарен, па и одвратен гест, мастурбирајќи свиња, потег, за кој беше “распната” од медиумите. Но, таа не се загрижи многу, а деновиве ќе се појави во уште едно од низата реални ТВ-шоу програми на британската телевизија, наречено “Островот на познатите”. Ребека е една од главните ѕвезди, а покрај неа ќе се појави и Калум Бест, син на британската фудбалска легенда Џорџ Бест, кој во моментов е еден од најбараните и најпознатите манекени. Гледачите очекуваат дека овој спој би можел да биде мошне интересен и интригантен, а се верува дека за време на нивното “преживување” на островот, Калум би можел да изнесе пикантни детали од животот на својот екстра-контроверзен татко.